Безбедноста на возилата е еден од најважните фактори при купувањето на автомобилот – но колку нашите возила се подготвени да ги заштитат пешаците?
Системот на Volvo кој ќе се вградува во новиот V40 ќе нуди дополнителна заштита за пешаците во форма на една голема воздушна перница која се крие под хаубата. При удар хаубата се поткрева нагоре и воздушната перница е подготвена да ги заштити пешаците. Во секој случај, интересна технологија која сигурно ќе спасува животи!
Погледнете како тоа изгледа: