Fiat 500L, кој ќе се произведува во Крагујевац, Србија ја доживеа и својата премиера во живо, токму на саемот во Женева. Погледенете како 500L изгледа во живо!
500L, кој всушност е базиран на платформата на Fiat Punto ќе понуди повеќе простор и повеќе практичност во споредба со тренди-возилото Fiat 500, но ќе го задржи истиот шарм и стил кој се покажува како навистина привлечен кај купувачите. Како доказ за успешноста на Fiat 500 можеме да го земеме и фактот дека тој се продава и на Американскиот пазар.
Иако сеуште немаме информации околу моторите, можеме да претпоставиме дека во него ќе се најдат истите мотори кои ги знаеме од Fiat 500, Panda и Punto!
Нам 500L ни изгледа одлично, и едвај чекаме да ја видиме неговата премиера во Македонија!