Opel Ampera / Chevrolet Volt се Европски автомобил на годината 2012! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Ampera / Chevrolet Volt се Европски автомобил на годината 2012!

Сестринските модели Opel Ampera и Chevrolet Volt се закитија со престижната награда за оваа година!

Opel Ampera (која се продава и како Vauxhall Ampera) и Chevrolet Volt ја однесоа овогодинешната награда за Европски Автомобил на Годината. Наградата беше доделена на самото отворање на авто-салонот во Женева.

Во финалето се најдоа и Range Rover Evoque (186 поени), Fiat Panda (156 поени), Citroen DS5 (144 поени) и Toyota Yaris (122 поени), но сепак наградата ја освоија Ampera и Volt со 256 поени, доделени од преку 50 реномирани Европски автомобилски новинари.

Интересен е трендот за доделување на наградата на еколошки прифатливи автомобили – минатата година наградата му припадна на електричниот Nissan Leaf, а наградата доаѓа во одлично време за Opel, кој се справува со потешкотии и намалена продажбна.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.