Вчера ви го прикажавме Lamborghini Aventador J – екстремната отворена верзија на веќе налудничавиот Lamborghini Aventador – но погледнете како изгледаше неговата премиера во Женева!
Директорот на Lamborghini, Stephan Winkelmann го довозе Aventador J на сцената и го промовираше пред публиката – и најави дека покрај тоа што гамата на Lamborghini се состои од Aventador и Gallardo, тоа не ги спречува да прават ексклузивни модели како Sesto Elemento, Reventon или Aventador J.
Aventador J ќе биде произведен во само едно парче, и ќе чини 2.1 милиони евра! Како што наслушнавме, уникатниот модел е веќе продаден, а нам ни останува да бидеме малку љубоморни на новиот сопственик!