Volkswagen со четири нови Up! концепти во Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen со четири нови Up! концепти во Женева!

Покрај веќе најавените модели, меѓу кои е и Golf GTI Cabriolet, во Женева ќе видиме и четири различни изведби на малишанот Volkswagen Up!

Малиот Up кој веќе е достапен и кај нас, во Женева ќе го видиме во ново светло – поточно во четири нови светла! Четирите специјални концепти кои Volkswagen ги подготви за Женева би требало на купувачите да им покажат и докажат дека Up може да има навистина многу намени.

Првиот концепт, Swiss Up! е посветен токму на Швајцарија и ги носи нејзините бои – црвена и бела, а истите бои се застапени во ентериерот, каде има детали кои потсетуваат на познатото швајцарско војничко ноже.

Следниот концепт е Winter Up! кој е наменет за зимски авантури – на кровот има поставено носачи за скии и опрема за скијање, а е базиран на Cross Up! концептот кој има повисока суспензија и е поподготвен за авантури надвор од асфалтираните патишта.

Како и Winter Up!, и X Up! е базиран на Cross Up! но е предвиден за ноќни авантури бидејќи има дополнителни светла монтирани на кровот.

Последен концепт е Cargo Up! кој е без задни прозорци и е наменет да послужи како мало урбано возило за достава на стока. Ваквите концепти се покажуваат како успешни на пазарот и гледаме вакви возила од повеќе производители по нашите улици.

Во секој случај, Volkswagen е одлично подготвен за Женева!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.