Mansory е тјунерска куќа која прави модели кои не секогаш се по сечиј вкус, но барем мора да им се признае храброста во дизајнерските одлуки. За Женева, тие подготвуваат нивна верзија на MP4-12C!
Mansory MP4-12C ќе може да се пофали со 670 коњски сили (наместо 600) и 675 Nm (наместо 600), кои сигурно ќе му дадат интересни перформанси на веќе импресивниот MP4-12C. 3.8 литарскиот твин-турбо мотор се покажува како интересен за тјунерите од целиот свет, и веќе имаме видено неколку тјунирани верзии од овој модел на McLaren.
Во секој случај, боди-китот со кој ќе биде претставен Mansory MP4-12C изгледа интересно и не-нападно. Ќе видиме како навистина ќе изгледа кога ќе ја доживее својата премиера во Женева. Само да не беа тие златните тркала!