Chevrolet Cruze Караван – Заокружување на гамата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chevrolet Cruze Караван – Заокружување на гамата!

Со караванската изведба на Cruze, Chevrolet ја заокружи гамата на овој популарен модел. Со прикажувањето на караванската изведба, го гледаме и фејслифтот што моделот ќе го доживее!

Пред две години популарниот Cruze сосема заслужено беше кандидат за автомобил на годината во Македонија, но тогаш титулата и припадна на роднинската Опел Астра, со која Cruze ја дели платформата. Во меѓувремето се појави и Cruze Hatchback кој веќе го гледаме по нашите улици, а сега гамата ќе ја комплетира Cruze Station Wagon, кој треба да понуди уште повеќе простор и практичност.

Измените на предниот браник го навестуваат и фејслифтот на Cruze кој треба да ја доживее својата премиера оваа година. Новиот браник е само дел од измените за освежениот модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.