Фановите на еден од најдобрите „жешки“ хечбек-возила од годинава ќе можат да уживаат во него и под отворено небо! Да му посакаме добредојде на Golf GTI Cabriolet!
Што добивате кога ќе направите комбинација од Golf GTI и Golf Cabriolet? Токму тоа што во моментов е пред нас – Golf GTI Cabriolet. Тоа значи 2.0-литарски турбо бензинец со 210 коњски сили и 280 Nm вртежен момент, како и погон на предните тркала во соработка со XDS електронскиот диференцијал.
На Golf GTI Cabriolet му се потребни 7.3 секунди за да стигне до 100 километри на час, малку повеќе од „обичниот“ GTI – а ова е заради зголемената тежина добиена од подвижниот покрив и дополнителните зајакнувања.
Максималната брзина е околу 240 километри на час, повеќе од доволно да го осетите ветрот во косата. Да се надеваме дека наскоро ќе видиме Golf GTI Cabriolet и на нашите улици!