KIA ги прикажа првите официјални фотографии од нивниот нов луксузен седан – големиот KIA K9!
Иако сеуште не се објавени никакви технички детали околу големиот седан, знаеме дека ќе биде со погон на задните тркала и дека во него ќе се вградуваат прилично „големи“ мотори кои веќе се вградуваат во сестринскиот модел Hyundai Genesis – а тоа значи 3.8 литарски V6 и 4.6 или 5-литарски V8.
Од KIA изјавуваат дека бидејќи ова е нивниот прв седан со погон на задните тркала, не биле правени никакви компромиси – ниту во дизајнот, ниту во технологијата и возните својства. На прв поглед навистина ни изгледа интересен, но најверојатно големиот К9 нема да го видиме на Европскиот пазар.