Кога Италијанските дизајнери од Pininfarina ќе прикажат нешто ново, тоа секогаш привлекува внимание. Токму тоа е случајот и со Cambiano концептот!
Во ред, концептот со една врата од едната страна и две врати од другата страна и не е толку нов – веќе сме го виделе кај Mini Clubman и Hyundai Veloster, но кога е во волку убаво тело, приказната е сосем друга.
Но сепак, дизајнот не ја влече инспирацијата од овие два автомобили туку од еден прилично стар концепт на Pininfarina – односно Lancia Florida II од 1957. Новиот концепт е долг околу 5 метри а широк околу 2 и тежи 1700 килограми. Го придвижуваат четири електрични мотори од 80 коњски сили – по еден за секое тркало. Дизелски мотор кој е поставен напред всушност работи како генератор, којги полни батериите за електричните мотори.
Според Pininfarina, забрзува до 100 километри на час за 4.2 секунди а максималната брзина е 275 километри на час. Кога се целосно наполнети, батериите на Cambiano му даваат автономија од 200 километри.
Не е лошо за концепт, нели?