Први фотографии и видеа од Volvo V40! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии и видеа од Volvo V40!

Новиот натпреварувач на Volvo во класата на луксузни компактни хечбекови е пред нас. Дали го има она што е потребно да се пробие меѓу конкуренцијата?

Класата на луксузни компакти хечбекови има сериозна конкуренција. Тука е Серијата 1 на BMW, новата B-Klasse на Мерцедес, Alfa Romeo Giulietta како и новиот Audi A3, а веќе  – докажани и почитувани модели. Volvo ќе се обиде да им ги заплетка конците на овие модели и да се пробие на пазарот.

Дизајнот е еден од силните адути на Volvo. Каде што конкурентите се традиционални и по малку конзервативни, Volvo напаѓа со авантгарден дизајн и интересни флуидни линии. Можеме да видиме и една слика од ентериерот која покажува дека тој е токму онаков каков би го очекувале – модерен, интересен и привлечен.

Новиот V40 ќе се нуди со неколку различни дизелски и бензински мотори, но повеќе информации ќе имаме кога моделот ќе биде и официјално претставен на авто-салонот во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.