Range Rover Evoque Convertible – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Range Rover Evoque Convertible

Range Rover Evoque уште од самиот старт се покажува како успешен модел на Британскиот бренд – сега, покрај моделите со три и пет врати, компанијата размислува и за кабриолет!

Малииот Evoque се покажа како интересен за тјунерите, а веќе го гледаме и на нашите улици. Судејќи според пазарната група на која е наменет Evoque, кабриолет е сосем логичен чекор, а нам ни изгледа навистина интересно. Иако ова сеуште се декларира како концепт а Gerry McGovern, директорот на дизајн вели дека ова е смел чекор во насоката на наоѓање нова категорија автомобили, ние веруваме дека Evoque Convertible ќе се појави во продажните салони во блиска иднина, за околу две години.

Од Range Rover најавуваат дека ќе го однесат концептот во Америка, пазар кој е клучен за продажбата на кабриолети, за да ја видат реакцијата на тамошната публика. Очекувањата се дека од вкупната продажба, околу 15-тина проценти би требало да отпаднат на кабриолетот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.