Bertone Nuccio – во чест на Giuseppe ‘Nuccio’ Bertone! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bertone Nuccio – во чест на Giuseppe ‘Nuccio’ Bertone!

Nuccio го носи името на синот на основачот на компанијата – Giuseppe ‘Nuccio’ Bertone и ќе го видиме за неколку дена во Женева!

Компанијата изјавува дека „Nuccio“ e екстремно спортско возило кое е еволуција на концептот кој е врежан во ДНК-та на Bertone. Немаме никакви информации за перформансите на концептот, ниту за моторот што ќе го придвижува, но најавија дека моторот е централно поставен зад седиштата и дека е со високи перформанси.

По дебито во Женева, Nuccio ќе отпатува за Пекинг каде ќе биде претставен на тамошниот авто-салон, а потоа ќе биде изложен во Националниот Авто-Музеј во Торино, каде ќе биде поставен до крајот на летото.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.