Citroen DS4 Racing – Нов урбан тркач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen DS4 Racing – Нов урбан тркач!

Утринава Citroen го прикажа новиот DS4 Racing! Судејќи по одличниот DS3R, најавите за 1.6-литарски турбомотор навиен на 250 коњски сили и визуелните доработки, ова ќе биде навистина интересен автомобил!

Иако сеуште немаме информации за точните перформанси, знаеме дека 1.6-литарскиот турбо мотор кој е развиен заедно со BMW може лесно да се навие и до над 250 коњски сили. Тоа ветува многу за DS4R, кој покрај коњските сили ќе добие и значителни други измени. Возилото е развиено од Citroen Racing, тимот кој е задолжен за службеното возило на летечкиот Французин – Себастијан Леб!

Предната оска е раширена за 55 милиметри, а задната за дури 75 милиметри, додека целото возило е пониско за 35 милиметри. Тркалата се поголеми, овој пат на 19-инчни тркала со 235/40 гуми. DS4 R доби и нов визуелен имиџ, со преден и заден браник со дифузер, и мораме да кажеме дека навистина ни се допаѓа.

Од Citroen најавуваат дека ова е само концепт, но и DS3:R беше само концепт, а видете каде е сега!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.