Со претставувањето на BTCC Honda Civic, Јапонскиот производител го најави нападот на титулата во British Touring Car Championship!
Со цел да го зголеми интересот за новиот Honda Civic и да ги покаже неговите спортски карактеристики, Honda го прикажа моделот кој ќе се натпреварува во British Touring Car Championship! Веќе имавме некои најави за моделот, но сега гледаме и вистински фотографии и знаеме како тој ќе изгледа.
За жал сеуште немаме информации за тоа кои се перформансите на автомобилот, но големите аеро додатоци, ниската каросерија и олеснетиот ентериер најавуваат дека ова ќе биде сериозен кандидат за титулата. А кога веќе зборуваме за титулата, во BTCC Civic за неа ќе се борат Gordon ‘Flash’ Shedden и тројниот BTCC шампион Matt Neal! Neal е веќе оптимист за перофмансите на автомобилот и се надева на одлични резултати оваа сезона.
Сезоната започнува на први Април, а тимот на Honda веќе екстензивно ги изведува подготовките за летечки старт!