Освежен Aston Martin V8 Vantage! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежен Aston Martin V8 Vantage!

Секогаш кога треба да напишеме нешто за Aston Martin имаме насмевка од уво до уво!

Aston Martin го најави освежениот V8 Vantage со зборовите дека ова е најдлабока промена на моделот од 2008-ма година па наваму. За среќа, визуелните промени се ситни, бидејќи стварно нема потреба да се ризикува со прекрасниот дизајн.

Освежувањето започнува со новиот автоматски менувач со 7 брзини кој го заменува досегашниот со 6, додека рачниот менувач сеуште останува во понудата. Основната верзија ќе добие и побрзо и попрецизно управување, како и поголеми дискови за кочниците. Надворешноста е освежена со детали од N400 моделот, како што е нов преден браник, поизразени странични прагови и заден браник со дифузер.

Моторите остануваат исти – основниот 4.2-литарски V8 мотор може да се пофали со 420 коњски сили, а се нудат и Vantage S со 4.7 литарски V8 и 430 коњски сили, но и V12 Vantage со V12 мотор и 510 коњски сили. Секако, на врвот на моделската понуда е V12 Zagato кој ќе се нуди во лимитирана серија од само 150 парчиња.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.