Повеќе од очигледно е дека Peugeot сериозно се подготвува за авто-салонот во Женева. Покрај 208 GTi, својата премиера таму ќе ја има и теренецот 4008!
Peugeot 4008, како што се сеќавате е „роднина“ на Mitsubishi ASX и Citroen C4-Aircross. 4008 е долг 4340 милиметри, 1800 милиметри широк и 1639 милиметри висок, а има меѓуоскино растојание од 2670 милиметри. При лансирањето, ќе се нуди со два бензински и два дизел мотори. Бензинските се 1.6-литарски со 115 коњски сили 2-литарски со 150 коњски сили, а дизелските агрегати се 1.6 литарски HDi со 115 коњски сили и 1.8 литарски HDi со 150 коњски сили.
Иако 4008 е одамна најавен, сега за прв пат Peugeot ни прикажа и слики од внатрешноста, но за жал само детали а не од целата внатрешност. Изгледа за тоа ќе треба да почекаме.
Според најавите, Peugot 4008 ќе го видиме спремен за продажба во авто-салоните веќе од Мај годинава!