Lumma Porsche Cayenne CLR 558 GT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lumma Porsche Cayenne CLR 558 GT

Луѓето од Lumma мислат дека можат подобро од инженерите на Porsche. Имаат 600 причини да го тврдат тоа!

Инженерите од Lumma решиле да си поиграат со моторот на Cayenne, па сега ако се одлучите за Cayenne Turbo ќе можете да уживате во здрави 600 коњски сили, а ако се одлучите за дизелската изведба на Cayenne (да, има и таква) ќе можете да уживате во 280 коњски или и 630 Nm вртежен момент.

Секако, модификациите не завршуваат под поклопецот на моторот. Тука е екстремниот бодикит кој драстично го менува ликот на Cayenne, како и големите (ама, стварно големи) 22-инчни тркала, променетата суспензија која го доближува Cayenne до патот, целосно променетиот ентериер кој може да се нарача во различни комбинации на бои и материјали, и уште многу, многу други ситници. Интересно изгледа и издувниот систем кој е изработен од нерѓосувачки челик и има три завршетоци. Би требало интересно да звучи.

Можеби не е по сечиј вкус, но мора да признаете дека привлекува внимание!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.