Mazda ќе го прикаже Takeri во Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda ќе го прикаже Takeri во Женева!

Веќе зборувавме за Takeri концептот на Mazda, а наскоро тој ќе ја има и својата Европска премиера – токму на салонот за автомобили во Женева!

Mazda Takeri е концепт кој ни ја најавува новата генерација на Mazda 6. Консензусот е дека концептот изгледа одлично, но ништо помалку интересни не се ни новите технологии кои ќе дебираат во новата 6-ка.

Најинтересен е новиот SKYACTIV-D дизелски агрегат кој има зафатнина од 2.2 литри и моќност од 150 или 175 коњски сили. Моторот е опремен со “i-stop” систем, а работи во пар со SKYACTIVE-Drive 6-степениот автоматски менувач. Дел од моторот е и интелигентниот i-ELOOP систем кој ја трансформира кинтеичката енергија во електрична при кочење. Оваа енергија може да биде искористена за било кој систем во автомобилот, и според мазда, ја намалува потрошувачката и до 10%!

Takeri е еден од концептите на кој навистина се радуваме. Привлечниот дизајн е одличен а технологиите кои ќе се понудат се иновативни и модерни. Во меѓувреме, уживајте во новата колекција фотографии од одличниот концепт!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.