Audi TT RS Plus – Сериозно близу до R8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi TT RS Plus – Сериозно близу до R8!

Кога на веќе брзото TT RS ќе му додадете уште 20 коњски сили, со своите вкупно 360, AUDI TT RS Plus е сериозно близу до својот поголем брат – Audi R8!

Audi TT RS Plus забрзува до 100 километри на час за 4.1 секунда со автоматскиот S-Tronic менувач или 4.3 секунди со мануелниот. Колку за споредба, Audi R8 со 4.2-литарскиот V8 мотор и 420 коњски сили забрзува до 100 километри на час за 4.6 секунди!

Покрај „зајакнувањето“ од 20 коњски сили, TT RS Plus има и малку поголем вртежен момент – односно за 15 Nm повеќе – вкупно 355. Моќноста од 360 коњски сили и 355 Nm ја влече од 5-цилиндерскиот турбо бензински мотор со зафатнина од 2.5 литри, а максималната брзина на суперспортското купе е ограничена на 280 километри на час.

Во Германија, TT RS Plus ќе се продава по цена од 60.650 евра за изведбата со мануелен менувач, или 62.800 евра за изведбата со автоматскиот S-Tronic менувач со двојна спојка. Можете да го нарачате и во Roadster изведба, а за него ќе треба да доплатите уште околу 3000 евра.

Давид го победи (фамилијарниот) Голијат? Ние мислиме така!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.