Opel Corsa Kaleidoscope Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Corsa Kaleidoscope Edition

Малата Corsa се продава од 2006-та, и иако доживеа еден фејслифт, со цел да одржи интерес за градското возило, Opel понуди специјална верзија за европскиот пазар.

Opel Corsa Kaleidoscope Edition се одликува по уникатните бои – односно Pepperdust и Technical Gray, а доаѓа и со сјајно црни поклопци на ретровизорите и сјајно црн покрив, темни 17-инчни тркала, за прв пат црна маска и хромирани врвчиња на издувниот систем.

Во внатрешноста има ситни детали кои го подобруваат ентериерот – како ситни детали кои се во боја или темно хромирани и уникатниот материјал од кои се изработени облогите на вратите. Калеидоскоп едицијата ќе се нуди со повеќето мотори кои се вградуваат во Corsa, вклучувајќи го 1.2 литарскиот бензинец со 70 коњски сили, 1.6 литарскиот турбо бензинец со 150 коњски сили, но и дизел мотор со зафатнина од 1.3 литри и моќност од 75 коњски сили и потрошувачка од само 4 литри на 100 изминати километри.

Во зависност од моторот, ќе се нудат 5 и 6-степенски мануелни менувачи, но и автоматскиот пет-степенски easytronic, а цените во германија започнуваат од 15.425 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.