Освежен Nissan 370Z! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежен Nissan 370Z!

Nissan го претстави фејслифтираниот 370Z. Освежувањата се ситни и на прв поглед неприметливи, но зошто да се „поправа“ нешто што е веќе одлично?

Ќе приметите ситни разлики на предниот браник, нови тркала и нови бои, но визуелните промени завршуваат тука. Нема промена ни под хаубата – 370Z сеуште е придвижуван од 3.7 литарскиот V6 агрегат кој испорачува 332 коњски сили кај стандардната верзија или 350 коњски сили кај Nismo верзијата. Кај Nismo верзијата има и ригидни црева и друга течност за кочниците, и Bose Premium Audio пакет за внатрешно озвучување.

Кратко и јасно, без многу промени туку со суптилни освежувања – но како што напоменавме, if it’s not broken, don’t fix it.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.