Fiat продолжува со серијата нови модели, како и освежувања на постоечките. Најновиот модел чии линии се малку затегнати е успешниот Fiat Punto!
Визуелните измени се дискретни но приметливо го освежуваат малиот компакт. Има ситни измени на предниот браник, достапни се нови бои и нови модели на тркала. Но многу поважни се новите мотори!
За прв пат во Punto ќе се вградува TwinAir мотор – со зафатнина од 800 кубни сантиметри и со само два цилиндри, малиот мотор со турбо полнач испорачува 85 коњски сили и ветува одлични перформанси комбинирани со ниска потрошувачка. Очигледно дека трендот на намалување на моторите продолжува.
Тука е и познатиот 1.3 литарски MultiJet 2 дизелски агрегат, кој сега има интелигентен алтернатор и технологија наречена Intelligent Flow, која дополнително ја намалува потрошувачката и емисијата на CO2, која кај овој мотор изнесува само 90 грама на изминат километар.
Кај TwinAir моторите ќе биде достапна и Energetico Green зелената боја, која според сликите, одлично му прилега на малиот Punto!