Jeep Grand Cherokee + Ferrari – Богохулие или? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep Grand Cherokee + Ferrari – Богохулие или?

Зарем е можно во една реченица да се вметнат имињата на овие два производители и истата да има поента?

За што всушност се работи? Како што веќе знаеме, групацијата Chrysler спаѓа под групацијата Fiat, каде што меѓу другите, спаѓа и компанијата со разиграното коњче на логото, па после извесен „карамбол“ од врски, поврзувања и слично, дојдено е до следниот резултат: два стандардни Jeep Grand Cherokee SRT8, кај кои завршниот збор го имале момците од Ferrari.

Автомобилите се одликуваат со стандардните особености за SRT8 изведбите, односно 6.4 литарски Hemi V8, со моќност од 465 КС и вртежен момент од 630 Nm, забрзување до стотка за 4.8 секунди и максимална брзина од 257 km/h. Моментите каде што Ferrari замешал прсти, се очигледни: заштитната црвена боја Rosso Corsa, тркачките декорации на каросеријата, големите црни бандажи, црвените шепи од кочниците итн. Но, момците од Ferrari не ја „нашминкале“ само надворешноста. И во кабината се гледаат траги од италијанскиот дизајн, кои ги забележуваме на кожните облоги на седиштата и воланот.

Одговорните лица во Chrysler изразија максимално задоволство што овие две специјални изведби на Jeep Grand Cherokee ќе бидат возени од двајца исклучително талентирани возачи. Кои? Па се разбира, пилотите на Ferrari во Формула 1, односно Фернандо Алонсо и Фелипе Маса!



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!