Audi со нови турбодизелски мотори во A5 и А6! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi со нови турбодизелски мотори во A5 и А6!

Во големиот A6, Audi ќе почне да го нуди и новиот 3-литарски V6 BiTDI агрегат, со два турбополначи и 313 коњски сили, а во А5 ќе почнат да се нудат новите TDIe мотори со малку намалена моќност, но зголемена економичност!

Новиот BiTDI мотор е опремен со два турбополначи и ќе се нуди во A6, A6 Avant, Allroad Quattro како и во A7 купето. Најмоќниот V6 дизелски агрегат на Audi е со зафатнина од 3 литри, и доаѓа со два турбополначи кои му помагаат да испорача 313 коњски сили и импресивни 650 Nm вртежен момент. Овој мотор го забрзува A6 до 100 километри на час за само 5.1 секунда, и ќе го однесат се до електронски ограничените 250 километри на час.

Потрошувачката која ја објавуваат од Audi е дека А6 опремен со новиот мотор ќе троши само 6.4 литри дизел при комбинирано возење. Она што е поинтересно е звукот кој го има новиот мотор, благодарение на специфичниот механизам во издувниот систем – звучи навистина спортски и остро. Слушнете и самите:

Исто така, нови се и TDIe моторите со зафатнина од 2 литри, кои испорачуваат 136 и 163 коњски сили (наместо 143 и 177, соодветно). Разликата е во моќноста, која кај TDIe моторите е малку намалена, но за сметка на тоа зголемена е економичноста. Моторот со 163 коњски сили го забрзува A5 Sportback до 100 километри на час за 8.5 секунди, а А5 Coupe за 8.4, а потрошувачката кај двата модели е 4.5 односно 4.4 литри на 100 изминати километри!

Моторот со 136 коњски сили ќе се нуди само кај A5 Sportback. Перформансите и таму се задоволителни – односно забрзување до 100 километри на час за 9.5 секунди, максимална брзина од 212 километри на час, и потрошувачка од само 4.4 литри на 100 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.