Наградата за најдобар млад новинар за месец Декември ја доби Љубомир Јанковиќ – попознат како Бубе – еден од првите и најактивните членови на CARclub!
Изборот го организира магазинот Медиум, кој е наменет за средношколци и покрива теми кои се интересни за нив. Бубе реши да пишува за можноста да полага за возачка дозвола веќе на 16 години, а неговиот текст му ја донесе победата. Му честитаме на Бубе и му посакуваме уште повеќе среќа во иднина!
Како што можете да претпоставите (а и да видите), Бубе од мали нозе е вистински вљубеник во автомобилите и секој слободен миг го поминува во зборување и учење за нив. Ви го пренесуваме неговиот победнички натпис во целост, уживајте!
Возачка дозвола на 16 години
Не ми се верува на моите очи. Конечно! Сонувам, или е ова вистина? Нешто што „долго” време си посакувам е да возам. Имам само 15 и пол години. Супер, само уште пола година иииии “ Пари на рака-Мара за рака!”
Но, јас немам ниту лична карта. :( Леле, па немам ни пари да ја земам таа возачка. А и коли,хахаха ко на лагер да имам хахаха. Абе ќе зборам со дедо, па нели името му го носам, а и другиот дедо ќе донира нешто. Па ми следи роденден, ќе присоберам. А, колата од тато да ја земам? Не, не , после кој ќе го слуша.( Другарите си ги возел?, Па ти нормален си? Знаеш колку, како ја купивме? Не јадевме, не пиевме, не спиевме. Ееееееееее синко, на твое време јас сум внимавал многу, како возам, кого возам, со кого се возам, колку возам… И така ќе ми мине денот. А јас ”умрен” за коли. Сонувам волан во рака.Марката? Се уште се мислам меѓу Мерцерес , Порше или BMW. И така јас си сонувам, а другарот ми се јавува и вика: Eј, за…бан, јас го возев голфот од тато, го задигав 170км/ч. Мене ми пука филм и му викам , а сврте на рачна? Ех, како ме нервира, не знае ништо за кола, ама тато му му дозволува се, може се, па згора на тоа му вели: Не се секирај синко и да те фатат ќе свртам неколку броја и тука си! Да пукнеш од мака. Не знае ни правила, ни прописи, ни како се паркира, како се работи со рачна, кочница, кое уље се користи, ни колку коњи има неговиот голф, важно задигал.. А јас пак само сонувам. И ги гледам сите емисии за коли, читам на интернет се во врска за коли, за новите правила, за новите кружни текови…
Млади будали, тоа се зборовите на баба. Не знаат уште носот да го избришат, а сакаат да возат. Па на вести ќе слушаме кој кого згазил. Бабо мааа , па јас не мислам да газам,јас сум сериозен, никогаш се немам напиено, секогаш сум послушен, Вашиот збор е заповед…. Џабе, уште си млад , ми вика баба и се врти. Ништо, а само што сакав да ја убедам да ми помогне да ги “сварам” тато и мама. Не се предавам, знам можам, ќе успеам, па и мојот сон редно е да се оствари.
Точно, младешкиот темперамент го имам, ама за разлика од генерацијава, младинава, јас сакам со тоа да се занимавам, да возам е мојот сон, а дали ќе ми се оствари??? Е тоа не знам.! Знам едно, попаметен сум, посериозен, искрен, вреден… Моите ме потдржуваат, ценат и сакаат. Знам дека заслужувам, ноо … секогааш постои едно големо НО!
Зависи од мене, од мојата волја, од трудот, од тоа да јас сум навистина јас, зошто со возачката дозвола, личната карта, носи со себе и одговорности, а моите врсници не се така сериозни. Знаат да излезат, да се напијат, да пцујат, да се натпреваруваат и докажуваат на разни ситници, посебно пред девојчиња, кои пак летаат по постари, поискусни дечки со коли, со бесни коли.
САКАМ ВОЗАЧКААААААААААААААААА!!!!!!!!
Сон? – не повеќе, а за сите што лесно се откажуваат, таму нека им стои. Сакам, можам, ќе успеам!! Со памет во глава и возачка во џеб – здравје!!! Ќе го биде.