Јапонскиот производител ќе ни претстави нов SUV на саемот на автомобили во Женева!
Моделот што ќе го видиме најверојатно ќе биде новата, трета генерација на Mitsubishi Outlander, модел кој се покажа како успешен и кој е редовна глетка на нашите улици. Но сепак е рано да шпекулираме, но од Mitsubishi најавуваат вовед во новата дизајнерска насока на брендот.
Mitsubishi го најавува новиот модел како глобален автомобил, со иновативен и премиум карактер, и за прв пат ќе лансира глобален автомобил токму на Европскиот пазар.