BMW Performance – Добредојдовте, M550d, X5 M50d и X6 M50d – Дизел М возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW Performance – Добредојдовте, M550d, X5 M50d и X6 M50d – Дизел М возила!

По долгото претставување, BMW денес конечно ги претстави новите модели на M-дивизијата, кои, верувале или не – се придвижувани од дизелски агрегати!

Веќе известувавме за новите дизелски верзии на M-автомобилите, но денес конечно ги имаме пред нас, и бројките за нив се навистина импресивни! Моделите кои своето деби ќе го имаат на авто-салонот во Женева се BMW M550d, M550d Touring, X5 M50d и x6 M50d! Токму така, дами и господа – сега ќе можете да си нарачате М-возило кое ќе вози на дизел!

Моторот кој ќе ги придвижува е 3.0-литарски турбодизел агрегат, кој има не еден, не два, туку три турбо-полначи, кои на моторот му потпомагаат да испорача моќни 381 коњска сила и монументални 740 Nm вртежен момент – моќност која е доволна да го придвижи големиот М550d до 100 километри на час за само 4.7 секунди, а просечната потрошувачка (според фабричките податоци) да биде само 6.3 литри на 100 изминати километри!

Со овие модели, BMW претставува и технологија која преку аудио системот на возилото, ќе пренесува звук од моторот внатре во кабината, а 8-степениот спортски автоматски менувач и индивидуално прилагодениот погон на сите четири тркала за сите модели го нудат максимумот во возењето.

Секако, и компоненти од шасијата се подобрени за да се подобри спортското чувство, а целосната слика е заокружена со аеро-пакетот и големите тркала – 19 инчи кај М550d и 20 инчи кај X5 и X6.

Цените по кои новите дизелски М-возила ќе се продаваат (во Германија) се следните:

  • BMW M550d xDrive: EUR 80.800
  • BMW M550d xDrive Touring: EUR 83.750
  • BMW X5 M50d: EUR 82.300
  • BMW X6 M50d: EUR 85.800

Продажбата ќе започне веќе од Април, а ние се надеваме дека наскоро ќе ги видиме и кај нас! Во меѓувреме, уживајте во видеото и мега-галеријата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.