Претставен Volkswagen Up! со пет врати! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Volkswagen Up! со пет врати!

Малиот Volkswagen Up! сега е достапен и во верзија со пет врати – се зголемува практичноста, а остануваат исти компактните димензии!

Димензиите на малиот Up! се неговиот најголем адут – а тие остануваат исти како и кај моделот со три врати. Up има меѓуоскино растојание од 2.42 метри, долг е 3540 милиметри, висок 1478 милиметри а висок 1641 милиметар – и тежи само 929 килограми! Како и димензиите, и моторите остануваат исти – во понуда е 1-литарскиот трицилиндарец со моќност од 60 или 75 коњски сили.

Од Volkswagen најавуваат дека цената на Up со пет врати ќе биде 475 евра повисока од моделот со три врати.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.