Даниел Димовски е најдобриот млад Mercedes дизајнер од Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Даниел Димовски е најдобриот млад Mercedes дизајнер од Македонија!

Мак Аутостар официјално го објави победникот на конкурсот под работен наслов “Mercedes-Benz дизајн на иднината“, на кој учествуваа млади и талентирани дизајнери од нашата земја!

Конкурсот, организиран од страна на Мак Аутостар, траеше од 19 септември до 19 декември минатата година, по повод прославата на Mercedes-Benz, за 125 годишнината од создавањето на првиот автомобил во светот.

Младиот Даниел Димовски, кој е студент на Машинскиот Факултет во Скопје е победникот, и тој наградно ќе биде испратен во посета на фабриката на Mercedes-Benz во Штутгарт, Германија! Му честитаме на Даниел и му посакуваме уште повеќе среќа и успех во понатамошната кариера – ова е секако одличен почеток за него!

Целта на проектот беше изработка на дизајн за концептен автомобил под наслов “Мерцедес дизајн на иднината“, на кој можеа да учевствуваат сите студенти и млади невработени луѓе со цел да ја искажат својата способност, талент и да креираат дизајн кој ќе се базира на досегашниот развој на Mercedes-Benz низ изминатите 125 години, како и врз основа на денешните вредности на брендот.

Ние апсолутно ја поддржуваме иницијативата на Мак Аутостар и се надеваме дека ваквите настани ќе продолжат и во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.