Што се случува кога Германски тјунери ќе добијат Corvette ZR1 во раце? TIKT ZR-1 Triple-X, се разбира.
Како да не им биле доволни 638-те коњски сили и 820 Nm вртежен момент на Германците, па тие малку се позанимавале под хаубата на големата Американска икона, и од 6.2 литарскиот V8 извадиле импресивни 758 коњски сили и здрави 910 Nm. Секако, знаеме дека од ZR1 може да се извади и повеќе, но ова е повеќе од доволно.
Зголемената моќност е добиена со многу механички промени во моторот, како и сменет систем за издув на гасови, репрограмиран компјутер и промени во системот за ладење. Суспензијата е целосно заменета со тркачка, а ZR1 е сега цели 50 милиметри пониска, но има и посилни кочници и ултра-лесни тркала.
Секако, сликата ја заокружува и агресивниот бодикит, кој вклучува нов преден браник, странични прагови и голем заден спојлер. Сите овие се направени од лесни карбонски влакна, а нам ни изгледаат малку претерано. Сепак, за вкусовите не се зборува, нели?