Најмоќното Camaro досега произведено добива компресорски, 6.2-литарски V8, кој испорачува 580 коњски сили и 754 Nm вртежен момент!
Овие импресивни бројки му дозволиуваат да забрза до 100 километри на час за 3.9 секунди (со автоматски менувач) или 4 секунди (со мануелен), и да забрзува се до максималната брзина од 296 километри на час! Camaro ZL1 првпат го видовме пред една година, на саемот на автомобили во Чикаго, а со продажба ќе започне годинава и ќе чини $54,995 (€43,000) во Соединетите Американски Држави.
Моделот ќе биде достапен како купе, но и како класичен кабриолет со платнен покрив. Мускулестиот Camaro секогаш ги привлекувал погледите со својот дизајн и моќност, а сега има една причина повеќе љубоморно да биде загледуван на улиците!