Панорама: Фејслифтираниот Volkswagen Passat CC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Фејслифтираниот Volkswagen Passat CC

Со очекуваниот фејслифт на Passat CC, Volkswagen го освежи популарниот модел од уникатната купе-седан класа. Моделот кој веќе неколку години успешно се продава сега наликува на остатокот од VW фамилијата.

Ако некаде VW може да биде критикуван, тоа е токму кај дизајнот. Иако е веќе познато дека моделите на Volkswagen имаат малку конзервативен дизајн, сега веќе гласно се критикува едноличноста на целата лепеза на модели. Но и покрај критиките, моделите на VW успешно се продаваат, и покажуваат дека можеби токму со конзервативниот изглед и воздржаните дизајнерски елементи успеваат да привлечат различни профили на купувачи.

Новиот Passat CC, кој е одличен одговор на „обичните“ модели од оваа класа со освежениот дизајн совршено се вклопува во моменталните модели на Германскиот производител. Дизајнерските линии сега се поостри, со почисто дефинирирани рабови и целини. Новиот дизајн му дава на Passat CC одредена доза на префинетост и типична Германска строгост.

Во внатрешноста ентериерот е скоро непроменет, и е скоро ист со ентериерот кај обичниот Passat – но тоа не мора да биде критика. Сепак зборуваме за еден од најдобро конципираните и изработени ентериери во оваа класа. Квалитетот на користените материјали е секогаш во самиот врв на класата, а ергономијата е навистина на одлично ниво.

Она што е ново кај освежениот Passat CC е технологијата – сега може да се нарача и Side Assist Plus со Lane Assist  – систем кој ќе го предупреди возачот ако тој се обидува да ја промени насоката на движење (поточно коловозната лента) а во неговата мртва точка има автомобил кој тој не го приметува. Доколку е потребно, системот сам ќе го управува возилото за да избегне незгода. Дополнително, кај сите модели сега се стандардизирани би-ксенонските светла, подобрена е звучната изолација и безбедноста и комфорот се дополнително зголемени.

Понудата на мотори останува иста. Купувачите можат да изберат помеѓу шест различни мотори – и тоа три бензински и три дизелски агрегати. Дизелските почнуваат од 140, па се до 300 коњски сили, а бензинските нудат од 160 па до 300 коњски сили. Секако, може да се избере и DSG менувачот со двојна спојка.

Освежениот Passat CC би требало да го очекуваме наскоро. Во меѓувреме, погледнете ја галеријата на фотографии, како и видеата кои во целост го прикажуваат ова интересно седан-купе.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.