Пред неколку денови видовме само една фотографија од втората генерација на Kia Cee’d. Сега целосно знаеме како од надвор ќе изгледа новиот конкурент во компактната класа!
Тоа што сега го знаеме е дека новиот Cee’d ќе ја добие својата премиера и прво прикажување во јавност на Женевскиот салон за автомобили, кој треба да се одржи во Март годинава. Заинтересираноста за овој модел на Македонскиот пазар е навистина голема, заради докажаниот квалитет на првата генерација, како и интерсниот, Европски дизајн и прифатливите цени.
За сега, немаме слики од ентериерот, ниту некакви информации за него, но според инженерите на Kia, подобрениот ентериер ќе добие конзола која е ориентирана кон возачот и ќе биде целосно насочен и фокусиран кон нудење подобри материјали и завршна обработка.
Ако земеме во предвид дека Peter Schreyer – поранешниот главен дизајнер на Audi – стои зад новиот Cee’d, подобрениот ентериер е сосема очекуван.