Премиера: 2013 Porsche Boxster – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: 2013 Porsche Boxster

Алуминиумската каросерија и освежените, модерни мотори се најважните карактеристики на новата, трета генерација на „бејби“ Porsche!

Третата генерација Porsche Boxster влече инспирација од моделот 918 Spyder, кој беше прикажан пред неколку години, но сепак веднаш е препознатлив како Boxster. Силуетата е развлечена, со помали надвиснувања од напред и позади.

Моторите се обновени, па така основниот Boxster доаѓа со 2.7 литарски flat-six, наместо досегашниот 2.9 литарски. И покрај намалената зафатнина, новиот мотор испорачува 10 коњски сили повеќе од претходникот – нуди 265 коњски сили, и забрзување до 100 километри на час за 5.7 секунди (наместо 5.8 за моделот во заминување).

Посилниот, Boxster S го добива истиот 3.4 литарски flat-six мотор, но значително преработен, за да ослободува 5 коњски сили повеќе. Сега со 315 коњски сили, со тој мотор Boxster забрзува до 100 километри на час за точно 5 секунди (а претходникот забрзуваше за 5.2).

И двата модели стандардно се испорачуваат со 6-степен рачен менувач, но и 7-степениот PDK менувач со двојна спојка е достапен како опција, а од Porsche гордо изјавуваат дека покрај тоа што новите мотори се помоќни од своите претходници, тие сепак се поекономични и најавуваат потрошувачка од 7.7 литри и 8 литри соодветно за секој од нив.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.