Toyota NS4 Plug-in Hybrid – Hello Nasty! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota NS4 Plug-in Hybrid – Hello Nasty!

Очигледно е дека Toyota сеуште инвестира многу во хибридните технологии – а предвесник на новите технологии, како и новата дизајнерска филозофија на Toyota е токму NS4!

Јапонците од Toyota како да сакаат да избегаат од имиџот дека прават квалитетни, но здодевни автомобили. По импресивниот GT86, развиен заедно со Subaru, тие ни го прикажаа NS4 Plug-In Hybrid концептот, кој би требало да ја наговестува новата дизајнерска насока на Toyota.

Plug-In Hybrid? Што значи тоа?

Plug-In Hybrid означува хибридно возило кое може да се вклучи во вашата домашна електрична инсталација, и преку ноќ да се полнат батериите. На пример, таков е Chevrolet Volt / Opel Ampera. Тоа значи дека потенцијално би можеле да го возите возилото без воопшто да користите гориво, туку погонот да биде исклучиво на електрична енергија.

Но сепак..

Но сепак, ова е хибриден модел. Тоа значи дека под хаубата се крие традиционален мотор со внатрешно согорување. Во случајот на NS4, тоа е некаков бензински мотор, но немаме точни детали каков. Она што Toyota го објавува е дека погонската единица е „напредна и хибридна“. Толку.

Тогаш зошто ни го прикажуваат овој концепт?

Со NS4, Toyota сака да ни покаже како ќе изгледаат идните модели. Уникатниот преден браник (кој можеби ќе ви се допадне, а можеби и не) му дава на NS4 уникатен и интересен изглед, што ретко може да се даде како атрибут на седан на јапонскиот производител. Севкупниот дизајн асоцира на хибридно возило, но во целина е поинтересен и различен.

Можеби токму тоа што на Toyota и е потребно во моментов.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.