Се појави првата официјална фотографија од новиот конкурент на Kia во компактната класа – Cee’d!
Сеуште нема никакви официјални податоци, но можеме да видиме дека дизајнот го следи моменталниот дизајнерски тренд на Kia. Приметливи се влијанијата на новото Rio, како и теренецот Sportage.
Kia потврди дека испораката во Европа на новиот Cee’d ќе започне во втората четвртина од оваа година.