Кога Ford го прикажува за прв пат својот нов натпреварувач од класата на средно-големи седани, конкуренцијата внимателно гледа, бидејќи натпреварувачот на Ford е секогаш на самиот врв!
Mondeo е уште едно глобално возило на Ford, по успешната Fiesta и новиот Focus. Mondeo ќе се продава низ целиот свет, но најважно е што за прв пат Американците ќе го нудат истото возило од оваа класа во Европа, но и преку океаните во Америка.
Во Америка Mondeo ќе се вика Fusion, и ќе се испорачува со мотори целосно различни од Европските. Европјаните, навикнати на силни дизелски агрегати ќе добијат токму такви – 1.6 литарски, 2-литарски но и 2.2-литарски TDCI агрегати. Во Америка купувачите ќе можат да изберат помеѓу 1.6-литарски, 2 литарски и 2.5 литарски бензински агрегати. Во Европа сигурно ќе видиме слични бензински агрегати, но сигурно нема да го добиеме 2.5 литарскиот, кој е единствениот мотор во понудата без турбо-полнач.
Но Американците ќе добијат хибридни верзии. Хибридните возила се многу популарни во Америка, и покрај поголемата ефикасност на дизелските агрегати. За сега немаме никакви информации за тоа дали Ford ќе ги нуди хибридните верзии и во Европа.