Како варијанта на VW Beetle, Volkswagen ни го нуди E-Bugster, нивниот концепт за електрична Буба. Со спуштен кров и дискретни визуелни промени, дали E-Bugster ја најавува електричната иднина на Beetle?
Електричното купе изгледа одлично. Големите 19-инчни тркала, спуштениот кров и црните А-столбови го прават да изгледа ниско и спортски, а преработените браници само ја зајакнуваат спортската слика.
Сепак, под хаубата се крие електромотор кој произведува 114 коњски сили. Возилото кое нема никаква емисија на штетни гасови има автономија од 100 милји или 160 километри со едно полнење. Електричниот систем има и интересно име – Blue-e-Motion, а Volkswagen веќе најави дека истиот систем ќе се користи и во други електрични модели, како Golf Blue-e-Motion.
Инаку, името Е-Bugster е игра на зборови. E означува електрично возило, а bugster е комбинација од bug (бубачка) и roadster.