Dodge Dart – Италијанец во Американски костум? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dodge Dart – Италијанец во Американски костум?

Влијанието на Fiat во Dodge станува се поприсутно и посилно. Најново сведочење за тоа е новиот Dodge Dart!

Dodge Dart е базиран врз платформата на која вози Alfa Romeo Giulietta, само малку продолжена и проширена. Но фамилијарните сличности не застануваат таму – во Dart ќе се вградуваат и мотори на Fiat – поточно 1.4 литарскиот турбо мотор на Abarth, кој произведува 160 коњски сили. Дури можете да ја видите и MultiAir значката на некои од фотографиите!

Dart ќе се нуди со 6-степен автоматски менувач со двојна спојка, или со мануелен 6-степен менувач, а во 2013-та година ќе добие и 9-степен менувач, кој во моментот го развива ZF.

Интересно е што ова е Американски седан со многу Европска технологија во него, и со типично Европски дизајн и компактни димензии. Воопшто нема да се зачудиме ако Chrysler групацијата се реши да го понуди и на Европскиот пазар, како што веќе го нуди Chrysler 300C со ознаката Lancia Thesis.

Ќе имаме повеќе информации околу Dodge Dart и неговите перформанси веќе следната недела, кога се одржува автомобилскиот салон во Детроит.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.