Фејслифт и за Toyota Aygo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фејслифт и за Toyota Aygo!

Сосема очекувано, денес го глеадме и фејслифтот на минијатурниот Toyota Aygo. Третиот „брат“ од тројката Aygo, C1 & 107 го доби своето второ освежување!

Откако вчера ги видовме освежените Peugeot 107 и Citroen C1, денес пред нас се наоѓа и Toyota Aygo. Со освежени и малку затегнати линии, и тој е подготвен да се бори со конкуренцијата.

Како и своите браќа, и тој добива редизајнирани браници, па сега повеќе заличува на новиот Yaris, а доби и (веќе очекувани) Daytime Running Lights. Во внатрешноста доби нова централна конзола, која Тојота изјавува дека ја намалува бучноста во кабината.

Моторите остануваат исти, со истите перформанси и моќност, но со намалено загадување и потрошувачка. 1.0-литарскиот трицилиндарски бензински агрегат останува со истите 68 коњски сили и 93 Nm, но со намалени емисии на C02 од 105 на 99 грама на изминат километар, а потрошувачката е намалена од 4.6 на 4.3 литри на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.