Zugo – Yugo за новите генерации? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Zugo – Yugo за новите генерации?

Младиот дизајнер, Милош Париповиќ од Загреб го дизајнирал Zugo за натпревар во Загреб, каде со својата пародија на легендарното Yugo го освои петтото место! Погледнете за што се работи!

Натпреварот кој барал од дизајнерите да понудат автомобили за земји во транзиција во 2020-та година, му бил шанса на младиот Париповиќ да ја прикаже својата визија на Југо. Тој вели дека името Zugo е всушност „печатна грешка“ од добро познатото име, но автомобилот кој е електричен е наменет за поранешните власници на Yugo, како и другите практични луѓе кои имаат потреба од едноставен, практичен и економичен автомобил.

Многу од дизајнерските елементи се задржани, но со модерни линии кои го доведуваат во новото време легендарното Yugo. Сепак, тој решил малку да се пошегува на сметка на стариот автомобил, па „рекламите“ за новото Zugo се малку саркастични и го покажуваат секојдневието на власниците на Yugo.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.