CARclub.mk Ви посакува Среќна Нова Година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub.mk Ви посакува Среќна Нова Година!

Среќна Нова Година, многу здравје, успех, љубов и бензин (и дизел или плин!) ви посакува CARclub.mk!

Помина повеќе од година од како CARclub.mk се појави на Македонското интернет-небо, и ние сме многу горди на успехот што го постигнавме, новите пријатели кои ги најдовме и сите други работи кои ги направивме!

Секако, тоа немаше да биде можно без членовите на нашиот форум, нашите пријатели на Facebook и нашите следачи на Twitter кои несебично го споделуваат своето знаење, искуство и љубов кон автомобилите со своите истомисленици, а нам ни ја дадоа поддршката која ни беше потребна за да го лансираме нашиот портал, и да се етаблираме уште повеќе како сериозен, успешен и различен автомобилски медиум! Од срце ви благодариме на сите за целата поддршка која ни ја дадовте!

Нашиот портал постои нешто повеќе од еден месец, но веќе до сега го имаат видено на 30.000 луѓе, кои лојално и секојдневно не посетуваат, и ни ја даваат мотивацијата која ни е потребна да продолжиме! Ви благодариме!

За многу кратко време успеавме да понудиме интересни содржини кои го привлекоа вниманието на нашите посетители. Ќе направиме една кратка листа на некои од најчитаните стории во изминатите месец и половина:

Во новата година ќе продолжиме со нови, интересни содржини кои сигурно ќе бидат корисни и интересни за вљубениците во автомобилите! Уште еднаш, Ви благодариме за поддршката, лојалноста и новите пријателства! Одиме понатаму!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.