Project Kahn, тјунерите кои се занимаваат со досредување на моделите на Land Rover и Range Rover си поиграа со најновиот (и најмалиот) член на Range Rover фамилијата – Evoque!
Иако измените се само козметички, сепак ни се допаѓаат големите тркала, како и спуштената каросерија, која сега е 35 милиметри поблиску до подлогата. Дизајнерите од Kahn никогаш не претеруваат во своите модификации, па така и овој пат модификациите се дискретни, резервирани и делуваат како да се дел од фабричката понуда, а нам токму тоа ни се допаѓа.
Интересно е што дизајнерите од Kahn најавуваат дека ќе понудат материјали за внатрешноста кои можат да ги направат како вашите омилени парчиња облека. Сигурно имате омилен пар излитени фармерки!