Savage Rivale е производител за кој најверојатно не сте слушнале. Всушност, ни ние не знаеме многу, но знаеме дека Холанѓаните направиле навистина интересно возило!
Roadyacht GTS е уникатна комбинација на супер-автомобил, кабрио и лимузина, и нуди одлични перформанси од неговиот 7-литарски мотор позајмен од Chevrolet Corvette Z06, навиен на 600 коњски сили! Но она што е навистина интересно е распоредот на вратите, кој сериозно размислувавме да го ставиме во нашата листа најчудни врати.
Но да не должиме многу, погледнете го видеото, и видете како изгледа една „јахта на пат“.
За да видите како всушност дојде Savage Rivale Roadyacht GTS на овој свет, погледнете го и Making Of видеото!