Колку е навистина брз овој „бик“? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Колку е навистина брз овој „бик“?

Па добро, знаевме дека е навистина брз… Но, не знаевме колку… Резултатите од овој тест ги изненадија и инженерите на Lamborghini!

Наведувањето на техничките спецификации на Lamborghini Aventador претставува симфонија за ушите , за секој љубител на автомобилите. 6.5 литарски атмосферски V12, кој развива 691 КС, спринтува до 100 за нецели 3 секунди, и звук кој има потенцијал да иницира земјотреси… Максималната брзина, која ја декларира производителот од Италија изнесува 350 km/h (217 mph), но колегите од “Sport Auto” дојдоа до поинаков заклучок. Имено, на нивното тестирање, Aventador разви брзина од 370 km/h (230 mph), што е за 20 km/h повеќе од она што производителот го тврди како максимално! Со ова достигнување, Aventador чука на врата на елитното друштво на хипер-автомобили, кое содржи примероци како McLaren F1, Koenigsegg CCR, Bugatti Veyron итн. чија цена се брои со седум цифри.

[youtube id=”TX37CvM4jIU” width=”600″ height=”350″]



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!