Што добивате кога ќе направите комбинација од сегашниот M3, со 4.4 литарскиот турбо мотор од X5M и X6M? Одговорот е лесен – ова портокалово чудовиште!
Очигледно на инженерите во Manhart Racing им било здодевно, па решиле да си поиграат со веќе импресивниот BMW M3. Атмосферскиот V8 мотор од стандардниот M3 (кој фабрички испорачува 420 коњски сили) е заменет со 4.4-литарскиот twin-turbo мотор со 555 коњски сили. Но тоа не било доволно, па тие го навиле до веќе налудничави 750 коњски сили и 910 Nm вртежен момент!
Забрзувањето од 0 до 100 километри на час трае само 3.2 секунди, а Manhart Racing изјавува дека максималната брзина е „над 350 километри на час“. Секако, пакетот не вклучува само поголема моќност – во MH3 V8 се појавува и менувачот од X6M, како и блокирачкиот диференцијал од Е60 М5. Стандардните кочници се заменети со поголеми од MOVIT, и има многу ситници кои се заменети со делови од карбонски влакна.
Но да не стануваме здодевни, погледнете ги фотографиите од портокаловото чудовиште!