Ќе признаеме од самиот почеток дека не сме големи фанови на хибридните возила.. Но кога нешто е навистина импресивно, мораме да го споделиме со вас!
Да зборувам малку за моето лично мислење – секогаш многу пологични ми биле хибридите кои се комбинација од дизелски агрегат и електромотор. Едноставно, економичноста која ја нудат дизелските мотори се многу подобар партнер на електромоторите во хибридна комбинација, а резултатите се многу поочигледни.
Први кои понудија дизел-хибрид беа од PSA групацијата, а сега чекорот го следи и Mercedes-Benz, со нивните E300 и E400 BlueTEC Hybrid.
Е400 BlueTEC Hybrid е комбинација од бензински V6 агрегат кој нуди 306 коњски сили и 370 Nm со електромотор кој нуди дополнителни 27 коњски сили и 250 Nm. Ова му дава на Е400 BlueTEC Hybrid одлични перформанси, а прилично ниска потрошувачка за возило со таква моќност – само 8.7 литри гориво при изминати 100 километри.
Но мене повеќе ме интересира хибридниот дизел! Дизелскиот агрегат ни е добро познат, и од своите 2.2 литри зафатнина испорачува здрави 204 коњски сили и силни 500 Nm вртежен момент! Но искомбиниран со истиот хибриден погон од E400 BlueTEC Hybrid (27 коњски сили и 250 Nm), моторот нуди одлични перформанси, а троши само 4.2 литри на 100 изминати километри!
Браво за Mercedes-Benz! Секако, другите технологии, како старт-стоп системот, можноста да се вози само на електрична енергија, регенеративното кочење, како и некои други системи само ја дополнуваат сликата за оваа економична и брза крстарица!