Audi A1 Quattro – Џебна ракета! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi A1 Quattro – Џебна ракета!

Откако го негираше постоењето на овој модел, Audi денес и официјално го претстави A1 Quattro. Моќноста како и ситните визуелни детали силно не потсетуваат на Рели успесите кои ги имаше Германскиот производител!

А1 Quattro?

Да да, токму така! Најмалото Audi доаѓа со перманентниот Quattro погон на сите четири тркала и рачен, 6-степен менувач. Под хаубата се наоѓа 2.0-литарски турбо бензински агрегат кој испорачува импресивни 256 коњски сили на 6000 вртежи и 350 Nm помеѓу 2500 и 4500 вртежи. Тоа значи забрзување до 100 километри на час за 5.7 секунди и максимална брзина од 245 километри на час. Ќе бидат направени само 333 примероци, кои ќе се продаваат во втората половина на 2012.

А изгледот?

Ситни детали околу целиот автомобил не потсетуваат на успесите во Светскиот Рели Шампионат на Audi. Најприметлив детал се големите бели тркала со дијаметар до 18 инчи и централно прицврстување и 225/35 гуми! Екстремните визуелни додатоци ја зголемуваат аеродинамичноста, а моделот ќе биде достапен исклучиво во екслузивната Glacier White бела боја.

Повеќе информации за Audi A1 Quattro ќе имаме наскоро, а во меѓувреме погледнете ја големата галерија фотографии!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.