Toyota го најави NS4 – нивниот нов концепт кој треба да се појави на автомобилскиот салон во Детроит.
Сеуште немаме доволно податоци (ни целосна фотографија), но според тоа што Toyota веќе го објави, можеме да очекуваме напреден “plug-in” хибриден автомобил. Тоа значи дека не само што возилото ќе биде придвижувано од мотор со внатрешно согорување и електричен мотор, туку и дека ќе може да се полнат батериите преку нормален приклучок за струја.
Toyota е еден од најголемите светски проповедници на хибридната технологија, а нивните досегашни инвестиции во еколошки-прифатливи хибридни автомобили се навистина големи. Времето ќе покаже дали нивната инвестиција е исплатлива, а нам ни останува да се стрпиме до Детроит.